Лустраторска комисија верификуваше тројца нови кодоши
Три нови лица беа денеска прогласени за кодоши од страна на Лустрациската комисија. Станува збор за лица кои соработувале со тајните служби од идеолошко-политички причини.
Едниот од нив бил екс директор на централно основно училиште во селото Зајас. Работел под псевдонимот „Љубен“. Лустрациска за него има 30 документи кои ја потврдуваат ваквата соработка. За време на студентските денови во Приштина давал информации за студенти учесници на косовските демонстрации од идеолошко - политички и партиски причини.
Второто лице е поранешниот генерален конзул во Торонто, Канада. За него Лустраторската комисија ги имаше докуметните дека од идеолошко-политички причини соработувал со тајните служби и доставувал информација за македонската дијаспора и македонските организации во Канада и Америка.
Третото лице е поранешен секретар на ШИК „Струмица“ кој давал информации за припадниците за македонската емиграција во Бразил. Писмата што тој ги добивал од свои блиски роднини им ги предавал на тајните служби.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа