Чичек во официјална посета на Македонија

 

Денеска во официјална посета на Македонија ќе стигне првиот собраниски спикер на Турција Џемил Чичек. Претседателот на Турското собрание ќе му биде почесен гостин на неговиот македонски колега Трајко Вељановски. 

Планирана е и средба со претседателот и членовите на Парламентарната група за соработка со турскиот Парламент. Чичек ќе се потпише во книгата за впечатоци, а ќе положи и цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија.

Претседателот на Големото турско Собрание Чичек е во возвратна посета на Македонија. Во посета на Големото турско собрание во Анкара во јуни оваа година престојуваше претседателот на македонскиот Парламент. 

Во рамки на посетата Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов.

Попладне Чичек заедно со другите членови на делегацијата ќе го посети Турскиот културен центар Институтот Јунус Емре, а ќе оствари и низа други средби. 

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега