Снег на планините - температури до минус 5
Останува уште нецела недела до крајот на ноември, а дотогаш нема да видиме некое особено студено време, а уште помалку снег (се разбира доколку не ги сметаме повисоките планини). Еве какви се изгледите во последната работна недела месецов, анализира специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро
По сончевиот понеделник, се очекува претежно сончево време со локална слаба облачност во вторник. Можна е појава на сосема тенок слој на магла по одделни котлини во северозападниот крај наутро, но истата ќе биде краткотрајна.
Утрото ќе биде релативно студено, а на повеќе места ќе има слана. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С низ котлините, освен јужно од Демиркаписката клисура, каде минималната ќе има вредност околу 2°С. Повисоките места очекуваат минимална температура околу -5°С.
Дневниот температурен максимум во поголем дел од населените места ќе биде во дијапазонот од 7°С до 10°С.
Среда ќе почне со слично време и слична минимална температура како и вторник.
Поголема промена на времето во однос на вторник нема да има ни во текот на денот.
Максималната температура во среда ќе има вредност помеѓу 8°С и 11°С. Само малку потопло, до 12°С ќе биде во Гевгелиско - Дојранскиот регион.
Мал пораст на утринската (минималната) температура се очекува во четврток. Истата ќе има вредност само малку над 0°С низ котлините. На повисоките населени места и понатаму таа ќе има негативна вредност, но само за 2°С до 3°С под нулата.
Денот ќе помине во претежно облачно време, со услови за сосема слаб, повремен дожд. На повисоките планини ќе провејува сосема слаб снег.
Дневната темпреатура ќе достигне максимална вредност слична на онаа од среда.
Во петок продолужва облачното време, а локално и магливо време. Повторно оваа облачност ќе донесе услови за повремен и сосема слаб дожд. На планините и понатаму повремено ќе провејува слаб снег.
Минималната температура ќе биде позитивна, додека максималната ќе има вредност околу 9°С во поголем дел од котлините.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа