Албанските медиуми и порталите на СОРОС против инспекциите на УЈП во средини каде што живеат Албанци
Продолжува хајката која веќе неколку дена се води во јавноста за инспекциите на надлежните институции во албанските средини, каде не се почитуваат законите и не се плаќа данок.
Откако новинарката на Алсат, Наташа Стојановска јасно укажа дека е против инспекциите во албанските средини со нејзините провокативни прашања кон првиот човек на УЈП, Горан Трајковски, поддршка за ваквиот став на Стојановска доаѓа и од опозициски портали.
Хајката со политизирање на акциите на УЈП кон албански дуќани, во ситуација кога Албанците со насилство се спротивставуваат на плаќање данок, дополнително добива поддршка од портали кои се под закрила на Соросовата фондација или се раководени од лица кои важат за блиски до неа. Дел од нив, пренесувајќи Фејсбук статус на Стојановска јасно ставаат до знаење дека ја поддржуваат новинарката на Алсат на која не и се допаѓаат инспекциите на УЈП во албанските средини.
Причините зошто УЈП дејствува со полицијата заедно, најдобро покажуваат случувањата во Студеничани, кога за време на асистенцијата во неколку објекти се собрала поголема група граѓани која започнала да фрла со камења кон службено возило на МВР.
Уредникот на Алсат, Мухамед Зекири вчера со манипулации се обиде да ја “испере“ Стојановска. Зекири целосно го занемари фактот што негативните реакции кон новинарката не се појавија како проблем поради тоа што таа работи за Албанец работодавец, туку како проблем што политизира акција на УЈП кон албански дуќани.
Во обидот да се претстави како заштитник на неговата новинарка, уредникот на Алсат всушност се пресметува со Македонците и со државните надлежни инстутиции кои сакаат еднаква наплата на данок секаде и притоа Зекири константно креира тензии, гест со кој сигурно ќе се гордеат сите негови ментори.
Груевски: Сите се исти пред законот, законите важат за сите, контролите ќе продолжат
Премиерот Никола Груевски при неговот денешно гостување во Дневникот на Алфа рече дека УЈП си ја врши својата работа, законите се еднакви секаде и за сите.
-Долго време слушавме критики дека немало контрола за законот за пушење во Западна Македонија или немало таму контрола за фискални каси. Сега, кога засилено има контроли, слушаме критики зошто ги има. УЈП си ја врши работата во сите градови. Прави контроли во Скопје, Охрид..., но и во Студеничани, Кондово...Тоа и е работа. Секој подеднакво треба да ги плаќа даноците. Ние имаме најнизок данок во Европа, да потсетам. Со тие приходи од даноците ние плаќаме работи за образование, здравство, рече Груевски.
На критиките дека инспектори од УЈП на терен излегувале со зајакнати сили, Груевски вели дека таа одлука е донесена како поука од минатите негативни искуства.
-Контролите ќе продолжат секаде, сите се исти пред законот, законите важат за сите. Проблеми секогаш можат да се јават. Во Студеничани имало проблем, но затоа полицијата врши проценка дека е потребно зајакнато присуство, додаде премиерот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа