„УЈП си ја врши работата - законот мора да се спроведува низ цела Македонија“

 

Инспекторите на Управата за јавни приходи излегоа на терен и во западна Македонија. По нивна проценка и согласност со МВР, со нив на терен излегоа претставници на полицијата.

ujpujppp

Премиерот Никола Груевски на оваа тема зборуваше во дневникот на Алфа.

-Долго време слушавме критики дека немало контрола за законот за пушење во Западна Македонија или немало таму контрола за фискални каси. Сега, кога засилено има контроли,  слушаме критики зошто ги има. УЈП си ја врши работата во сите градови. Прави контроли во Скопје, Охрид..., но и во Студеничани, Кондово...Тоа и е работа. Секој подеднакво треба да ги плаќа даноците. Ние имаме најнизок данок во Европа, да потсетам. Со тие приходи од даноците ние плаќаме работи за образование, здравство, рече Груевски.

На критиките дека инспектори од УЈП на терен излагале со зајакнати сили, Груевски вели дека таа одлука е донесена како поука од минатите негативни искуства.

-Контролите ќе продолжат секаде, сите се исти пред законот, законите важат за сите. Проблеми секогаш можат да се јават. Во Студеничани имало проблем, но затоа полицијата врши проценка дека е потребно зајакнато присуство, додаде премиерот.

Контролите ќе продолжат и понатаму во сите делови на Македонија.

 

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега