Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов е во затвор
Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов е во затворот во Гевгелија, објави весникот „Дневник“. Информацијата за весникот ја потврдиле блиски на претседателот на регионалниот Сојуз на лозари, Агротиквешија од Кавадарци.
Како што дознава „Дневник“ затворската казна изнесува три месеци а Аризанов веќе издржал околу месец. Таа се однесува на неплаќање по судска одлука која се однесува на приватниот живот на првиот лозар и нема никаква врска со лозарството и неговата лидерска позиција во Здружението.
Оцени ја веста
23.11.2014 - 11:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа