Синдикатот за здравство задоволен од корекцијата на коефициентите за зголемување на платите
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, како единствен репрезентативен синдикат во здравствената дејност во Република Македонија со Министерството за здравство го потпишаа Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност со кој се врши корекција на коефициентите за вработените избрани во наставно-научни, научни и соработнички звања во јавните здравствени установи.
Корекцијата на коефициентите е во насока на зголемување на платите за 19,2% со одредена динамика, започнувајќи со платата за месец ноември 2014 година, која ќе биде корегирана за 9,6% и завршувајќи со платата за февруари 2015 година, со која ќе се постигне полниот износ од 19,2%.Со веќе извршеното зголемување од 4% со октомвриската плата, вкупното зголемување изнесува над 24%.
Преговарањето е единствено оружје за постигнување на целта. Мислиме дека колективните договори сé, и ќе останат приоритетна тема на Синдикатот бидејќи најнепосредно влијаат на материјалната и социјалната положба на членовите на синдикатот.
Решивме некои прашања како излезно решение во услови на глобална криза и кога во опкружувањето се соочуваат со одредени намалувања. Како гранков синдикат останавме доследни на нашите барања па и постигнатиот договор преточен во Анекс е потврда на добриот социјален дијалог и преговарачка улога со Министерството за здравство.
Преговорите не се завршени, се уште се актуелни и продолжуваат во насока на предлог измените на Колективниот договор за здравствената дејност, каде ја имаме раздвиженоста на коефициентите за сите вработени во здравствената дејност.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа