Јолевски и воените аташеа ќе засадат садници во рамки на „Ден на дрвото“
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, како и одбранбените аташеа акредитирани во Република Македонија денеска во велешкото село Папрадиште ќе засадат садници по повод почетокот на активностите на есенската акција „Ден на дрвото“.
На засадувањето на 70-те садници ќе присуствуваат и претставници на локалната самоуправа во Велес и Чашка, а можност да дадат свој придонес со засадување на садници ќе имаат и претставниците на медиумите.
Министерството за одбрана и АРМ ја поддржуваат акцијата „Ден на дрвото“ уште од самиот почеток во 2008 година. Припадниците на Армијата, досега беа вклучени во секоја од пролетните и есенските акции за пошумување.
Во 14-та акција, за која датумот дополнително ќе биде соопштен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе засади околу 4,5 милиони садици на површина од 1.107 хектари.
Акцијата „Ден на дрвото“ се реализира седма година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа