Деканот на Факултетот во Тирана потврди: Адеми дипломирал во 1996 година
Декан на Факултетот за механичко инженерство на Политекничкиот Университет во Тирана, Андонач Лондо, ја потврди веродостојноста на дипломата на министерот за образование Абдилаќим Адеми.
-Според основниот регистар на дипломите што го поседува Факултетот за Механичко Инженерство, потврдувам дека Г-дин Абдилаќим Абдулазис Адеми, ги започнал студиите во 1988 година, дипломирал во Јуни, 1996 година со регистарски број 210/2, и бројот на дипломата 1274, дипломите што се во Факултетот за Меканичко Инженерство отсек – металургија, изјави деканот на Факултетот за механичко инженерство на Политекничкиот Университет.
Во врска со ова преку неговиот Фејсбук профил се огласи и самиот министер Адеми.
- Лаги, клевети и измислици се обвинувањата кои фрлија сомнеж на веродостојноста на моите додипломски студии. Вистината е оваа: почнав на постдипломски студии на Факултетот за рударство и металургија, насока металургија, во градот на рударите во Митровица, каде што завршив две години. Поради насилните мерки на Србите над Универзитетот во Тирана, бев принуден да ги продолжам студиите во Тирана, каде што во јули 1996 година дипломирав на Политехничкиот универзитет, со диплома за металуршки инженер. Тоа е вистината, напиша Адеми на социјалната мрежа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа