Обвинителство: Не е важно со чиј Туарег беше усмртено момчето кај Католичка
Истрагата за немилиот настан кој се случи минатиот викенд, кога малолетник беше прегазен во близина на Католичката црква во Скопје е во тек.
Утврдено е дека возилото не е во сопственост ниту на возачот, ниту пак на член од неговото семејство, но од Јавното обвинителство велат дека во ситуацијата не било важно чиј е автомобилот, туку кој го управувал.
-Од аспект на истрагата, а во контекст на ваквите настани, сопственоста на возилото е ирелевантна. Битно е кој и како го управувал, велат од Јавното обвинителство, додавајќи дека детали не може да споделуваат.
Оцени ја веста
21.11.2014 - 10:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа