Пратеникот Трајанов на Годишната сесија на ПС на НАТО
Пратеникот Павле Трајанов, во својство на член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО од 21 до 24 ноември, учествува на Годишната сесија на ПС на НАТО што се одржува во Хаг, Кралството Холандија.
Во текот на сесијата, комитетите и Собранието ќе разгледаат и усвојат неколку извештаи и резолуции поврзани со ситуацијата во Украина, хуманитарната криза на јужната граница на Европа, авганистанските сили за безбедност по 2014 година, стабилноста на Средниот Исток и за политиката на отворена врата на Алијансата.
Оцени ја веста
21.11.2014 - 09:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа