Откриени деталите: Скопскиот фестивал се местел за двајца пејачи
Двајца пеачи биле на списокот според кој организираните гласачи ги праќале пораките.
Информациите кои Сител ги доби од истражните органи потврдуваат дека меѓу нив не бил ниту еден од тројцата прво наградени. Се работи за ексклузивци на осомничените за измамата.
Јавниот обвинител веќе го завршил сослушувањето на 14мината кои биле задолжени за гласање. Сите ќе бидат сведоци во судскиот процес за криминалните местеники на резултатот на скопски.
Информациите до кои дојде Сител откриваат дека групата иако имала две ипол илјади картички во времето предвидено за гласање успеале да искоритат само половина од нив. Вкупно испратиле илјада и петстотини СМС пораки.
Полицијата се уште ги проверува сим картичките кои беа запленети во минатонеделната акција. Тие ќе бидат главен доказ во процесот во кој треба да се докажува компјутерската измама. Пријавата во случајот со сигурност ќе биде проширена. Одговорност ќе се бара и за оние кои дозволиле да бидат издадени картичките на непостоечки адреси и под лажен идентитет. Дали одговорноста ќе ја понесат ио изведувачите ќе треба да одлучи обвинителството.
Ако истрагата потврди дека тројцата наградени не биле на списокот за платено гласење, најверојатно нема да има нов избор, а наградите од министерството за култура ќе останат во нивни раце.
Во случајот засега се осомничени четири лица. Меѓу нив е и познат пејач кој не настапи на годинешното издание на Скопскиот фестивал, но бил уловен со кратичките во раце. Во кривичната пријава за злосторничко здружување и компјутерска измама полицијата ги опфати и сопствениците на продукциска куќа и управителот на друштвото кое го организирало гласањето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа