Едицијата „135 тома македонска книжевност“ во библиотеката на Будимпешта

 

Едицијата „135 тома македонска книжевност“ од денеска се наоѓа во витрините на Метрополитен билиотеката „Ервин Сабо“ од Будумпешта. Подарена е од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје по повод Македонскиот ден на библиотеката на унгарската престолнина, а во рамките на соработката меѓу Градската библиотека и Метрополитен билиотеката „Ервин Сабо“ од Будумпешта. 

На свеченоста во Будимпешта по повод подарувањето на едицијата, во присуство на генералниот директор на бибилотеката д-р Петер Фодор и пред бројни присутни љубители на литературата и почитувачи и пријатели на Македонија, директорот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, Бранко Цветкоски  одржа предавање за разојот на македонската книжевност од Климентовото време до денес.

Тој истакна дека големиот проект „135 тома македонска книжевност“ и другите големи издавачки проекти на македонската Влада и Министерство за култура ги активираа сите позитивни творечки потенцијали во доменот на книжевното и преведувачкото творештво и издаваштвото, остварувајќи како никогаш до сега, најпродуктивен простор и клима за достоинствено презентирење на творечките потенцијали на сите генерации македонски литерати и на најсложените изразни можности на македонскиот јазик.

Во рамките на дводневното гостување во градската библиотека на Будимпешта, беше презентирано и работењето и промотивните активности на скопската градска библиотека, а во соработка со Министерството за економија и Агенцијата за промоција на туризмот, беа изложени и промотивни видео и печатени експонати за вековниот историски, културен и туристички развој на Република Македонија.

На почетокот на ноември, во рамките на меѓународнста соработка на двете градски библиотеки, во Скопје беше отворено Унгарско литературно катче и тематската изложба по повод 25-годишнината од унгарската револуција и 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Унгарија.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 19:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега