Министерот Попоски додели сертификати за економска дипломатија
Mинистерот за надворешни работи на Никола Попоски и францускиот амбасадор во Македонија Лоранс Оер денеска им врачија сертификати од престижната француска Национална школа за администрација (ENA) на сите учесници на обуката за дипломати од Министерството од областа на економската дипломатија.
Обуката беше организирана врз основа на Договорот за соработка помеѓу МНР и француската амбасада во Република Македонија и е четврт и последен модул обуки што се изведени од страна на експерти од француското МНР. Претходните три, како што соопшти МНР, беа од областа на е-дипломатијата, дипломатскиот протокол и превентивната дипломатија.
Предавач беше висок службеник на француското Министерство за надворешни работи, Жак Меер, експерт по економска дипломатија и меѓународни економски односи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа