Хуманоста на дело: Пекабеско обeзбеди храна за семејството Николовски
Сторијатa за тешката состојба во која живее Благица со своите 4 малолетни деца, ја разбуди хуманоста кај граѓаните, приватните компаннии и локалната самоуправа.
Кеси полни со храна, пакети со млеко и сувомесни производи кои ги донираше компанијата Пекабеско утрово пристигаа на нејзината адреса. Помош за Благица се собира и на социјланите мрежи.
Граѓаните се здружуваат да и помогнат на самохраната мајка. Среќата на Благица е огромна, вели секоја помош и е добредојдена, но потребен и е безбеден покрив над глава.
Првите пакети помош пристигна од општината Ѓорче Петров и компанијата Пекабеско.
Од општината велат ќе помогнат колку можат, но куќата во која Благица привремено е сместена и која во секој момент може да биде урната не е во нивна надлежност.
39-годишната Благица е невработена, нема никакви приходи и едвај врзува крај со крај. Со своите 4 малолетни деца, живее во скопско Волково во импровизирана куќа без покрив, прозорци и врати. Во куќата нема ниту вода, ниту струја. Пред 10 дена го загубила и сопругот. Без основни услови за живот, Благица стравува како со совите деца ќе ја поминат зимата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа