ВИДЕО:Погледете ја реакцијата на Љубе Бошкоски кога ја слушна пресудата 10,5 години затвор
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски е осуден на 10 ипол години затвор за случајот „Ровер“, во кој обвинетите се товареа за двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев, што се случи во 2001 година, одлучи денеска Основниот суд Скопје 1.
Ова е втора пресуда за Бошковски, откако претходно Апелацискиот суд ја укина првата пресуда од 12 години затвор и нареди повторно судење.
Доживотен затвор добија првообвинетите Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, а на Вук Вукичевиќ од доживотен затвор казната му е намалена на 15 години. Шефот на обезбедувањето на Бошкоски, Зоран Трајковски е осуден на осум и пол години затвор, Ивица Ристиќ ќе одлежи седум години, а за службеникот во МВР, Никола Негриевски е изречена затворска казна од пет и пол години.
Марјан Тушевски и Киро Јанев беа убиени пред 12 години во скопската населба Капиштец
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа