Изречена пресудата за случајот „Ровер"

 

 

Кривичниот судскиот совет денеска ја соопшти пресудата за случајот „Ровер“ во којшто им се суди на десет лица меѓу кои и на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Љубе Бошкоски доби затворска казна од 10 и пол години, шефот на обезбедување на екс министерот, Зоран Трајковски 8 и пол години затвор. Ивица Ристиќ ќе одлежи 7 години, а за службеникот во МВР, Никола Негриевски е изречена затворска казна од 5 и пол години. 

Во текот на изрекувањето на пресудата Љубе Бошковски бил свртен со грб кон судиите, додека останатите обвинети ги примиле казните со аплауз. 

Бошкоски за ова дело веќе беше осуден на 12 годишна затворска казна, но Апелацискиот суд ја укина оваа пресуда и ја врати во постапка на повторно судење. Причината за укинувањето на казната беа направените пропусти во првостепената постапка.

За потсетување, случајот Ровер се однесува на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во Капиштец 2001 година. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега