Домот за деца без родители се заблагодари - ги примиле парите кои Мијалков им ги донираше од тужбата против Фокус
Домот за деца без родители 11 Октомври се заблагодари за примените средства кои им ги донираше Директорот на управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков по тужбата за клевета која ја поднесе против весникот Фокус.
Средствата на сметката на Домот легнале во понеделникот.
Сашо Мијалков го тужеше весникот Фокус за клевета во врска со случајот со пораншениот амбасадор во Чешка. Судот пресуди дека весникот Фокус го наклеветил и му наложи да му исплати оштета во висина од 9.000 евра
Оцени ја веста
19.11.2014 - 13:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа