Иванов ќе ги отвори традиционалните спортски игри

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)" утре ќе присуствува на спортско-културната манифестација во општина Ново Село.

За време на престојот во општина Ново Село, во пресрет на 20 Ноември, Меѓународниот ден на детето, претседателот Иванов и сопругата Маја Иванова ќе го посетат ПОУ „Св. Климент Охридски" во Ново Село, наменето за деца со посебни образовни потреби.

 Целта на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)" е да се промовира спортскиот бон-тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe со нивните традиции, култури и обичаи. Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)" се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.

Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)" беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување" беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.

18.11.2014 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега