Оценките на ЕК дека Македонија е лидер во регионот се заслужени

 

Во минатите периоди имавме позитивни оценки за остварувањето на економската политика во земјава од страна на водечките финансиски институции од типот на Светска банка, Европска банка за развој, ММФ и други, меѓутоа ова е прв пат Европската Комисија да даде толку висок позитивен сигнал и оценка за макроекономските остварувања во Р. Македонија и тоа го нагласува во насока дека Македонија е лидер во рамки на балканските држави во поглед на остварувањето на иднината на економскиот развој во последниот период , вели за Лидер еден од најплодните академски економисти во Македонија Томе Неновски.

Впрочем додава Неновски, таквите констатации на Европската Комисија се потврдуваат и со податоците кои се соопштуваат во однос на големината на БДП , остварен растеж во минатото и оваа година.

-Притоа ако правиме компарациии и споредба во однос на остварувањето на другите соседни балкански држави ќе дојдеме до констатација дека , со исклучок можеби на Косово кое што од разбирливи причини бележи позитивни стаки на раст, нашата екомонија бележи економски раст кој што е од поздрави односи и е во далеку поповолна позиција во однос на остварувањата кои што се остваруваат во Грција, Бугарија, Србија, а за БИХ да не говориме па дури и да се прошириме нагоре, на пример во Словенија и Хрватска економските состојби не се розови , напротив во Хрватска на пример веќе петта – шеста година се бележи рецесија, истакна Неновски.

Што значи дека, додава тој, макро економската политика во разните сфери на своето дејствување во минатите периоди и со преземените мерки за заштита на економијата од страна на надлежните институции во минатите години бележи едно заздравување кое што ја покажува и својата таканаречена латентна можност или латентна способност да се соочи со ризиите, но и со предизвиците на својот иден економски растеж.

- Во секој случај тоа е резултат на случувањата дома, во земјава првенствено, меѓутоа и во однос на случувањата со проблемите кои што ги предизвика светската економска криза, од каде што јас постојано велам дека излеговме со мали повреди во однос на она што можеше да ни се сличи, вели Неновски.

Додава дека  сега доаѓаме во една состојба да имаме раст и на личната потрошувачкаи на буџетската потрошувачка и на извозната потрошувачка благодарејќи на слободните трговски зони и сето тоа заедно овозможува една солидна стапка на растеж годинава некаде околу 3, 5 и 3, 7 % како подлога за очекувата стапка на раст нешто над 4 % во текот на 2015 година- се разбира ако нешто неповолно се случи во рамките на Европската унија со која што ние имаме, директно кај индиректно воспоставена поврзаност која се движи некаде околу 92 % од нашиот БДП.

-Ете тоа би било веројатно и причината за која Европската Комисија ни ја даде така солидната оценка за македонската економија, потенцира Неновски.

18.11.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега