„Илинден“ ја проширува соработката со сродни асоцијации во Албанија
Претседателот на македонското друштво „Илинден“, Никола Ѓурѓај во рамки на активностите за соработка со сродни здруженија во Албанија, денеска се сретна со претседателот на Албанско-руското здружение за пријателство, Мелси Мартиро и со генералниот секретар Агрон Хаџихусени.
На средбата била договорена потесна соработка и заеднички активности во интерес на членството, но и на граѓаните.
- Освен договорот за соработка, претседателот на Албанско-руското здружение за пријателство, Мелси Мартиро и генералниот секретар Агрон Хаџихусени, ги запознавме со активностите на нашето друштво, чија главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, обичаи и традиции, но и меѓусебно запознавање и зближување со сите граѓани без оглед на нивната етничка или верска припадност, изјави претседателот на македонското друштво „Илинден“, Никола Ѓурѓај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа