Наскоро нов православен храм во Велес

 

Црквата Свети кирил и Методиј во Велес наскоро ќе ги отвори вратите, моментало се работи на внатрешноста на храмот. Готов е иконостасот, изработени се иконите и останува уште мал дел од фрескоживописот.

Во изјава за Сител владиката на повардарската епархија, Агатангел, вели дека црквата ќе се отвори во 2015-та, но не сака да прецизира во кој период од годината.

- Се надевам ако е Се оди по планот кој го имаме зацртано, дека в година ќе ја осветиме црквата но кој период не можат точно да кажам, изјави г.Агатангел, Владика на Повардарската епархија.

Црквата Свети Кирил и Методиј почна да се гради пред осум години и е дело е на архитектот Тодор Паскали а објектот се градеше по пример на црквата света богородица во струшко Калишта.

Новиот храм на повардарската епархија има вкупна површина од околу 500 метри квадратни.. Изграден е во византиски стил, со кршен камен и камбанарија надвор од објектот.

16.11.2014 - 20:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега