Дечињата од Ѓорче Петров ќе престојуваат во нова модерна градинка

 

Денеска во 11:30 часот, во Општина Ѓорче Петров во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски ќе го отворат новиот објект згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во состав на ЈОУДГ „РОСИЦА“ Ѓорче Петров.

Потоа во  12:30 часот, во Општина Бутел министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески ќе отворат повеќенаменско игралиште.

16.11.2014 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега