Познат пејач се најде на листата осомничени за местенката на Скопје Фест

 

Тамара Тодевска пејачката која заврши на втората позиција на СКопје Фест, со освоени 12 поени од жирито и 8 поени од гласањето на публиката на крајот замина со 15.000 евра. 
Во изјава за Сител телевизија таа говореше за полициската акција за измамата со телегласањето за Скопскиот фестивал велејќи дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто и дека и во минатото истото се случува на фестивалите Макфест, на Скопски фестивал, на Валандово фест...

- Само сакам да се дознае за ова и тие луѓе да бидат казнети. Имам докази и ќе ги покажам на надлежните институции. Вакво нешто се случувало и во минатото - изјави вчера пејачката Тамара Тодевска за „Сител“.

- Единствена причина заради која разговарам со вас е тоа што сакам да ја дознаам вистината, дали сум била загрозена оваа или години наназад на разни фестивали, кога секогаш сум морален победник, и сум била втора... Ова е црна дамка за еден од најреномираните фестивали - Скопскиот фестивал - изјави Тамара.

- Таа да ја наречам криминална група би сакала да се казни како што заслужува, и да се обелодени вистината, бидејќи мене вистината ми е најбитна, дали сум била јас лани прва, и дали сум била оштетена па сум била втора, не зборувам за паричната награда, зборувам за мене како уметник, ние не работиме за пари, тие пари кои ги добиваме за наградите не се единствени заради коишто работиме, ние работиме цела година – изјави Тамара за „Сител“.

Тамара додаде дека кога ќе се дознае вистината, таа ќе излезе со доказите што ги има.

 Видеото можете да го погледнете на следниот линк: 

15.11.2014 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега