Ова е најлошата вест за викендот
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно. Изутрина ќе има услови за слаба магла, а во текот на денот повеќе Сонце. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Од недела до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и појава на магла по одделни котлини. Температурата ќе биде без големи промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа