Јован Јованов нема да добие кривична - место него ќе одговара уште еден познат македонски пејач

 

Јован Јован е изземен од кривичната пријава која МВР ја поднесе против 4 лица за учество во скандалот со местењето на Скопскиот Фестивал.  Наместо Јованов, во кривичната пријава е опфатен пејачот Елвир Меќиќ. Тој заедно со Кристијан Стефановски неговиот брат Игор од продукцијата План Б и сопственикот на фирмата Видекс, Борис Видески, која го организираше телевоутингот ќе одговараат за злосторничко здружување и компјутерска измама. 

Обвинителот барал Јованов да се изземе од пријавата бидјеќи не е во Македонија и за да може постапката да почне побрзо. Дали и тој ќе одговара кривично ќе се знае по негово враќање во земјава кога ќе биде повикан во полицијата.

Скандалот изби вчера по скопскиот фестивал на кој победи Даниел Кајмакоски. 

14.11.2014 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега