Македонија и Косово зеднички ќе бараат пари од ЕУ за инфраструктурни проекти
Македонија и Косово заеднички ќе бараат средства од европските фондови за ново енергетско 400-киловолтно поврзување меѓу двете земји, за реализација на патните правци Тетово - Призрен, Скопје - Блаце, како и за железничко поврзување на Белград преку Приштина и Скопје со Солун и Истанбул.
Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Беким Незири и косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили која, како што беше речено, е резултат на договорот на неодамнешните средби на земјите од Западен Балкан во Берлин и Будва на кои беше посочено дека соработката на земјите во регионот е клучна за наапредокот.
- Реализацијата на овие инфраструктурни проекти ќе помогне многу за развој на економиите на двете земји, но и за економиите на регионот, па дури и пошироко во Европа, рече Незири.
Косовскиот министер Исмаили посочи дека од реализацијата на овие проекти двете држави ќе имаат огромни продобивки.
- Сите држави во реионот имаат проблеми со ниската маргина на јавниот долг и реализацијата на поголемите инфраструктурни проекти претставува реален проблем. Затоа ќе бараме поддршка од ЕУ, како што и досега сме барале за нивна реализација, рече Исмаили.
На средбата било договорено да се направат анализи за административните проблеми кои ги имаат бизнисмените при трговската рзмена меѓу двете земји и на наредниот состанок секоја од страните да ги посочи конкретните проблеми за да се изнајде решение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа