ЈП „Водовод и канализација“ со нова поволност за граѓаните

 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ промовира уште една поволност при плаќањето на сметките на граѓаните кои се корисници на нивните услуги.

Директорот на јавното претпријатие, Бојан Василевски истакна дека досегашната пракса при плаќањето на услуги за отпушување на канализационата мрежа беше да се наплаќа на лице место, со фискална каса.

Граѓаните некогаш не беа во можност веднаш да платат, затоа ЈП „Водовод и канализација“ им излага во пресрет.

-Од денес па натаму, секоја услуга која ќе биде во насока на отпушување на канализационата мрежа, граѓаните ќе ја добијат на наредната сметка. При барањето на интервенциите, кога ќе се јават во нашиот дежурен информативен центар ќе биде потребно освен име и презиме, адреса, да осртават и шифра на корисник која им се наоѓа во сметките. Така, доколку им биде извршена услугата, цената за тоа ќе им дојде во следната сметка, посочи директорот.

ЈП „Водовод и канализација“ со ова го исполни барањето на граѓаните кои се пожалија дека не се секогаш во можност да ги платат услугите на лице место.

14.11.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега