Владата подготвува новини за полесно вработување на инвалидите

 

Со цел да се зголеми  вработувањето на инвалидизираните лица и нивна подобра инклузија во компаниите Владата подготвува измени во Законот за вработување на лица со инвалидност, според кои сите компании кои имаат над 35 вработени лица ќе имаат обврска да вработата едно инвалидно лице. За таа цел државата  ќе им даде  бенефиции но и казни ако не се спроведува законот.

Денес се одржа првата јавна дебата околу измените на Законот  за вработување на лица со инвалидност.  Со предложените измени се предвидува компаниите што имаат над 35 вработени ќе треба да вработат и лице со инвалидност.  Се работи за нов концепт за кој искуства се црпени од европското законодавство. Целта е да се зголеми јавната свест за ваквите лица и да се влијае на подобрувањето на инклузијата на инвалидизираните лица .

„Со новиот концеп се прави значителен исчекор. Новиот закон треба да го подобри вработувањето на лицата со инвалидност и да ја подигне јавната свет, како и да се влијае на подообрувањето на пристапноста за вработување на инвалидите во Македонија. Ова е начин да се подобри инклузијата во сите компании. Се предвидува квотен систем за вработување на инвалиди. Се предлага одложена примена на овој закон од октмври следната година  со цел сите компании и иннституции да се подготват за примената ана законот“, вели Спасов.

Во предлозите на законот се предвидуваат и одредени олеснувања кај работодавците во вид на финансиска помош односно ослободување од плаќање на придонеси , односно   200 000 денари за прилагодување на работното место, до 300 000 дена за заштитни друштва и 300 000 ден за грант за самовработување за лицата со инвалидитет.

Вработувањата би се организирале преку јавен оглас. Доколку фирмите и покрај обврската не вработат лице со инвалидност, ќе плаќаат паричен надоместок во висина од минималната плата во бруто износ. Овие средства ќе бидат употребени за професионална рехабилитација на лицата со инвалидност.

Со измените се предвидуваат и промени во функционирањето на заштитните друштва кај кои како што вели министерот инспекциските служби покажале  одредени недостатоци. Со воведување на квотен систем за вработување би се отстраниле недостатоците. Според  проценките со квотниот систем би се вработиле над  5000 лица.

Со предожените измени и останатите компании ќе може да користат бенефиции кога ќе вработата инвалидно лице, за разлика од   постоечкиот закон кога се фаворизираа заштитните.

13.11.2014 - 20:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега