Механџиски се повлече - „Зегин“ доби нов газда

 
Благој Механџиски веќе не ја поседува веледрогеријата „Зегин“, пишува Либертас.
 
Тој во разговор за порталот потврдил дека од неодамна е направена промена на сопственичката структура на веледрогеријата.
 
– Точно е дека јас не сум веќе сопственик на веледрогеријата, му ја префрлив на мојот внук од сестра, фармаколог кој има завршено во Америка и е успешен во неговата работа во Германија. Аптеките „Зегин“ им ги префрлив на двете ќерки кои се дипломирани фармацевти а јас сум почесен претседател и работам на формирање нова компанија која ќе отвори ланец продавници за здрава храна во Македонија – изјавил Механџиски за Либертас.
13.11.2014 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега