Тодоров: СДСМ бега од расправата за Изборниот законик

 

Неуспешнa беше и четвртата средба на која се собраа претставници на ОБСЕ, ДИК и други релевантни институции, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со министерот за правда каде се разговараше за импементација на препораките од ОБСЕ/ОДИХР за изборниот законок.

Членот на извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров по средбата обелодени дека ниту еден претставник на СДСМ не седна со нив на заедничка маса да разговара за темата која самата опозиција ја претстави како услов за политички дијалог.

-Тие четири пати по ред не доаѓаат на овие средби, па беше закажана и петта средба. Се надевам дека тогаш ќе дојдат и ќе почнат разговорите за усогласување на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Ова е добра можност за усогласување на Изборниот законик согласно препораките имајќи предвид дека Изборниот законик врз основа на кој што се спроведоа претходните избори беше целосно усогласен со сите политички партии согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Добро е ова да се направи сега, во период кога нема притисок од нови избори, истакна Тодоров.

Тодоров додаде дека тие се подготвени да разговараат и затоа е закажана и петтата средба. Коректно е, вели тој, да се разговара за овие препораки, да се најде заедничка сила и да се најде заеднички начин како овие препораки да се имплементираат.

13.11.2014 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега