Меморандум за соработка меѓу УКИМ и НОВА

 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје  и Меѓународните училишта НОВА денеска ќе потпишат Меморандум за соработка. 

Со потпишувањето на овој Меморандум се предвидува да започне соработката преку организација на настава по кинески јазик во училиштето НОВА, а со тоа кинескиот јазик ќе се придружи на францускиот, италијанскиот, германскиот и шпанскиот коишто моментно се изучуваат како странски јазици во училиштето.

Наставата за современ кинески јазик и култура, на почеток, ќе ја следат 14 ученици.

Со отворањето на првата средношколска училница по кинески јазик, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” пак го започнува проектот за популаризација на кинескиот јазик и култура во Република Македонија.

 По потпишувањето ќе се одржи и демо час по кинески јазик.

13.11.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега