Градежни активности кај Маркови Кули - се намалуваат ризиците од поплави

 

Означен стартот на градежните активности околу реконструкција на ободниот канал „Маркови Кули“ во населбата Варош.

Каналот кој е со должина од 1300 метри до сега не бил саниран, биле превземани само активности за негово одржување од страна на ЈКП „Водовод и канализација“.

Неговата намена била собирање на атмосверските води од обилните врнежи, но поради  лоша состојба бил една од причините за поплавите кои настануваа во населбата Тризла.

 За таа цел изработен е проект во кој се предвидува негова целосна санација и покривање на одредени места, со што ќе се намалат ризиците од поплави.

Проектот за реализација на овој зафат е на UNDP, Општина Прилеп, ЈКП „Водовод и канализација“ и Центарот за управување со кризи. За негова реализација предвидени се сто и десет илјади американски долари, во кои 30% учествува UNDP а остатокот од средствата ги обезбедува Општина Прилеп и ЈКП „Водовод и канализација“.

На локацијата каде започнаа градежните работи покрај градоначалникот Ристески, директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Николоски присуствуваа и претсавници од UNDP и Центарот за управување со кризи – Прилеп.

12.11.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега