Што напишаа Грците за смртта на Дениса Маркоска?
„Морс Игнота" - вака е запишана причината за смртта на трупот кој беше пронајден во водите на Егејското Езеро за кој Грците тврдат дека е на Дениса Марскоска. Како што пишува Канал 5, тоа значи непозната природна смрт.
Во објаснувањето се наведува дека причината за смртта не е позната.
Инаку, во Скопје веќе пристигна телото за кое се тврди дека е на Дениса. Се вршат испитувања за утврдување на идентитетот на жртвата.
10.11.2014 - 15:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа