Тмурно и врнежливо - ќе се спасиме ли од дождот идната недела?
Времето во Македонија претпладне ќе биде претежно облачно. Во раните утрински часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат, а облачноста ќе се намали.
Температурата ќе се движи од 13 до 18 степени.
Во Скопје и околината слично време со температурата до 17 степени.
Во првите два дена од наредната недела ќе биде стабилно и суво, а од средината на седмицата ќе има повремени локални врнежи од дожд.
По котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.
09.11.2014 - 10:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа