Семинар за поттикнување на извозот во Шведска
Во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и шведската владина агенција Open Trade Gate Sweden организира семинар на тема „Извезувај во Шведска“.
Целта на овој семинар е да се помогне извозот на производи од прехранбената индустрија (свежо овошје и зеленчук, преработки, кондиторска и смрзната храна) како сектор од посебно значење за Република Македонија.
Во организација на настанот е вклучена и Амбасадата на Шведска во РМ, со обраќање на Амбасадорот до присутните.
06.11.2014 - 09:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа