Попоски во Берлин на министерка конференција за ЈИЕ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на покана на шефовите на германската и на британската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер и Филип Хамонд, утре ќе учествува на Шестата Конференција на министрите за надворешни работи од Југоисточна Европа, која се одржува во организација на реномираниот германско - американски Институт “Аспен“ во Берлин.
Како што соопшти МНР, министерската конференција е тематски фокусирана на процесот на проширување на ЕУ, реформите и регионалната соработка. Се очекува да се дискутира и за значењето на економската соработка и инфраструктурна поврзаност како важни предуслови за повеќе инвестиции, економски раст и развој на Балканот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа