Нов расплет во случајот Дениса Маркоска
Телото за кое се тврди дека е на прилепчанката Дениса Маркоска утре ќе пристигне во Македонија. Нова обдукција или ДНК анализа сепак ќе биде направена.
Професорот Алексеј Дума од Судска медицина за Вечер изјавил дека добил овластување од министерот за здравство Никола Тодоров да направи нова обдукција или ДНК анализа на телото.
-Само што го завршив разговорот со министерот Тодоров. Тој ми ја објасни ситуацијaта и даде дозвола Институтот за судска медицина да им излезе во пресрет на барањето на семејството Маркоски. Во моментот кога ќе го добиеме телото ќе постапиме според процедурата, изјавил Дума за Вечер.
Дениса исчезна од бродот „Серинисима“ на кој што работела, на 12-ти септември, додека бродот пловел во водите на Егејското море.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа