Владата бара високо образовани и способни кадри за промотори во САД
Владата на Република Македонија отвори јавен повик за пројавување интерес за економски промотори.
Се бараат високо образовани и способни кадри, со релевантно искуство. Потребни се економски промотори во Њу Џерси и Конектикат, Далас и Хјустон и еден во менеполис.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија зема активно учество во енергичната кампања на Владата која има примарна цел- подобрување на економски пораст на земјата преку зголемување на странските директни инвестиции во софистицирани, високи технологии извозно ориентирани индустрии во земјата и во целните индустриски сектори во кои Македонија е конкурентна.
Портпаролот на македонската Влада, Александар Ѓорѓиев истакна дека заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо (со максимум 500 зборови) и кратка биографија.
Кандидатите кои ќе се јават на Огласот треба да ги исполнат следниве услови: да имаат висока стручна спрема, релевантно работно искуство од најмалку две години, одлично познавање на англиски јазик, способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа, способност за покренување на иницијатива, проактивност и работа под притисок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа