ФОТО: Ова е оружјето со кое е пукано на Владата?

 

Оружјето со кое било пукано во вторникот врз зградата на Владата најверојатно било од ист тип како оружјето користено во нападот во 2007-та година, велат експерти за "Дневник".

 

Станува збор за хрватскиот рачен фрлач на гранати РБГ-6, модернизирана верзија на јужноафриканскиот фрлач користен во војните во поранешна Југославија.

Од МВР официјално немаат детали за истрагата, освен дека е завршен делот од балистичкото вештачење на проектилот, како и на преостанатиот материјал земен за вештачење. Резултатите му се предадени на Јавното обвинителство, но во интерес на истрагата не се наведува дали е утврден калибарот на оружјето и неговиот тип. Од полицијата велат дека истрагата се одвива во повеќе насоки и оти е разговарано со повеќе лица.

31.10.2014 - 13:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега