Уште 5 доктори ќе даваат совети на "Ало докторе!"
Вкупно 239 лица од сите градови на Македонија се јавиле во изминативе два дена на телефонската линија за медицински совети "Ало докторе!".
Како што известуваат од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје на први ноември на линијата „Ало докторе!“ медицински совети ќе даваат уште 5 доктори од кои тројца се специјалисти што значи дека 22 доктори специјалисти вкупно ќе се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
На сите граѓани поради здравствената состојба за која ја побарале линијата „Ало докторе!“ од страна на дежурните доктори специјалисти им е даден медицински совет, ако било потребно и симптоматска терапија.
Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните за медицински совет на телефонската линија 15123 – „Ало докторе!“ биле за здравствени совети во врска со кашлица, стомачни тегоби, високи телесни температури.
Директорката на клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување (карил) ќе биде дежурна денес од 18 ч до 22ч во кол центарот „Ало докторе!“, а утре на 01.11.2014 година за медицински совет ќе биде достапен Проф. Д-р. Антони Новотни директор на клиниката за психијатрија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа