Kој му ја мести Лустрациска на Фрчкоски?
Случајот со лустрација на поранешниот министер за внатрешни и надворешни работи Љубомир Фрчкоски стана повторно актуелен. Курир дознава дека лустрациската комисија воопшто ниту разговарала, ниту го актуелизирала случајот со лустрацијата на Фрчкоски.
Последен пат Комисијата за верификација на факти или популарно кажано Лустрациската комисија разговарала за ова пред една година кога и се отвори случајот. Поради ова се поставува прашањето од каде доаѓаат информациите за лустрацијата на Фрчкоски и зошто сега тоа се актуелизира?
Според нашите информации, информациите доаѓаат од воглавно од три извори. Првиот е Правниот факултет и тоа од професорите кои пред него се прикажуваат како добронамерни спасители и душегрижници, а зад негов грб работат упорно и немаат воопшто добронамерни тенденции.
Вториот извор е СДСМ, во кој што неединството и дворските игри особено последниот период добиваат на интензитет. Поделбата на табори и оцрнувањето на неистомислениците си го добива својот епилог. Фрчкоски е очигледно нечија мета.
Третиот извор се врзува и со минатото на Фрчкоски, кој беше министер во неколку влади во клучниот период на транзицијата. Притоа се говори дека бил вклучен во многу зделки од кој произлегоа и значајни афери. Не се исклучува и фактот актуелизацијата на лустрацијата на Фрчкоски да биде и производ на нерасчистени сметки од тоа време.
Се обративме до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која информираше дека актуелизацијата на случајот лустрација на Љубомир Фрчкоски нема никаква врска со партијата , а во однос на тоа кој друг би можел да стои зад таквото актуелизирање, за нив е ирелавантно бидејки Фрчкоски е актуелен на политичката сцена многу години и актерите кои би стоеле зад таквото актуелизирање би можеле да бидат многубројни, особено ако се знае неговото уцество во клучните процеси во транзицијата и приватизацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа