„Здрав сон, за здрав живот“
Панел - дискусија на тема „Здрав сон, за здрав живот“ посветена на состојбата, дијагностиката и третманот на опструктивната ноќна апнеа (пореметување на дишењето во текот на спиење) ќе се одржи денеска во организација на Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Македонското здружение за ноќна апнеа.
Опструктивната ноќна апнеа е најчестиот облик на пореметување на дишењето во текот на спиењето, од која страдаат повеќе од 4 проценти од возрасната популација или околу 100 милиони луѓе во светот. Иако успешно може да се лекува, дури 80 проценти од заболените не бараат лекарска помош. Ако навремено не се лекува, опструктивната ноќна апнеа ги зголемува ризиците од појавата на сериозни заболувања и го скратува животниот век. Недостатокот на квалитетен сон заради ова пореметување доведува до намалена концентрација и будност, а може да биде причина за тешки повреди на работното место и сообраќајни несреќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа