Какво ќе биде времето викендов?

 

 

Времето утре во Македонија ќе биде повремено облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. 

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде повремено облачно и свежо со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени. 

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала облачност преку денот, а од понеделник ќе има услови за утринска магла по котлините.

30.10.2014 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега