Завршени вештачењата на проектилите испукани во Владата
Завршено е балистичкото вештачење во врска со веројатноста за насоката од која се истрелани, како и на калибарот од остатоците на двата проектила кои завчера вечерта беа испукани на зградата на Владата на Република Македонија и за тоа е информирано Јавното обвинителство.
Како што информираат од МВР, тие продолжуваат да работат по насоките на Јавното обвинителство за расчистување на овој случај.
Два проектилa завчера вечерта беа испукани на зградата на Владата на Република Македонија во Скопје. Едниот заврши во покривот, а другиот на источната фасада.
30.10.2014 - 15:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа