Се разубавуваат јавните површини во охридската населба Даљан
Јавното претпријатие Охридски Комуналец во текот на вчерашниот ден започна со оперативни активности за средување и хортикултурно уредување на кружниот тек, на улица Гоце Делчев во УЗ Воска- Даљан. Во текот на денешниот ден надлежните од ова јавно претпријатие ги чистат триаголниците на кружниот тек, а во наредниот период ќе се изврши ново порабување на просторот со бетонски рабници по што истиот ќе биде соодветно хортикултруно уреден.
Се очекува градежно- оперативните активности на овој потег од градот да завршат во најкус можен рок бидејќи како што најавуваат од Секторот за комунални дејности при општина Охрид оваа есен и зима јавните претпријатија ќе имаат многубројни активности и ќе работат со забрзано темпо и динамика по однапред утврден план и подготовка. Оваа градежна активност е особено важна бидејќи со уредување на овој дел се менува лицето на градот пред гостите што го посетуваат, велат од општина Охрид.
Акцијата на ЈП Охридски Комуналец е дел од активностите за комунално уредување на Охрид што веќе извесен период со забрзана динамика ги реализираат јавните претпријатија.
Активностите се во склад со изборната програма на градоначалникот Никола Бакрачески за разубавување и хорти културно уредување на општина Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа