"Подај рака за Евица" - да и помогнеме на докторката и мајка на две дечиња
Докторката Евица Бојаџиева од Штип има 34 години, мајка е на две малолетни деца и боледува од карцином на црниот дроб.
Група на хумани граѓани, меѓу кои и директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, со голема поддршка од градот Скопје и општините Штип и Карбинци покренаа иницијатива за организација на голем хуманитарен концерт за собирање на средства за нејзиното лекување.
-Доктор Евица е наш колега, само што не стана педијатар. Тешката болест ја запре во тоа. Ги вложуваме максималните заложби да и помогнеме на една мајка иден педијатар и храбра жена. Таа мора да отиде во Кина со посебна терапија за излекување. Да ја видиме здрава, за таа да може да ги лекува децата во Македонија, истакна Софијанова.
Концертот ќе се одржи на 6 ноември во Дом на АРМ, со почеток од 19 часот. Ќе настапат Соња Тарчуловска, Зоран Џорлев, Наум Петрески, Димитар Андоновски, Тони Зен, Влатко Илиевски и многу други македонски естрадни уметници.
Една влезница ќе чини 100 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа