Кадиица кај Пехчево има 70 милиони тони бакар

Барањето за добивање концесија за експлоатација на бакарната руда поднесено преку фирмата „Кадиица-метал“ не беше прифатено од надлежните државни институции поради сомневањата на јавноста дека со методата на подземно лужење на бакарот може да дојде до загадување на водите и животната средина.
Од локалната самоуправа и од компанијата „Солвеј“ информираат дека постапката за добивање концесија е обновена.
Според Николајчо Николов, заменик-директор во рудникот „Бучим„ од Радовиш, „Солвеј“ наместо методата на лужење ќе ја користи комбинираната метода на експлоатација преку површински и подземен коп и ќе применува затворен систем на собирање и третирање на водата со што нема да ја загрозува животната средина,
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа