Македонците и Србите - најголеми оптимисти во регионот
Србите се најголеми оптимисти во регионот, 40 отсто од нив очекуваат подобрување на економската состојба, покажува истражувањето на Ипсос стратешки маркетинг.
Веднаш по нив следуваат граѓаните на Македонија со 37 отсто кои очекуваат подобар живот, а на трето место се Црногорците со 26 отсто.
Во Хрватска на подобар живот се надеваат само 11 отсто од граѓаните.
Според истражувањето, последиците од кризата во земјите од западна Европа ги почувствувало секое трето домаќинство, а во земјите во транзиција секое второ.
Истражувањето е работено по телефон, во септември, за потребите на Европската комисија, врз 1.000 испитаници од секоја држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа