Производство од 13.607 тони од доцните земјоделски култури во Кривопаланечко
Производството од доцните посеви на земјоделските култури во Кривопаланечко изнесува вкупно 13.607 тони, од кои дури 13.373 се од засеаните и засадени површини во индивидуалниот сектор, а само 235 тони од земјоделски претпријатија. Од вкупно опфатената површина од 1.770 хектари, пак, остварени се просечни приноси од 7687 килограми по хектар.
Според податоците на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Крива Паланка, најголем дел од житните култури биле засеани со пченка и тоа вкупно 630 хектари, каде е реализирано производство од 2.205 тони, со просечни приноси од 3500 килограми од хектар. Од останатите житарици застапени биле и луцерка, детелина и фуражна пченка на 60 хектари односно на по 30 хектари.
Од градинарските култури, пак, најмногу е застапен компирот и од вкупно 750 хектари добиено е производство од 7.875 тони, исклучиво од индивидуалните производители, со просечни приноси од 10 500 килограми по хектар.Останатите градинарски култури биле засадени на помали површини и тоа од 10 до 60 хектари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа